Search

Петровска: Патриотизам не е да го избришеш името Македонија од Статутот на партијата

Носителката на листата на СДСМ и Коалицијата во изборната единица шест, Славјанка Петровска вечерва во Гостивар порача дека уште повеќе ќе се бори за Македонија да биде и членка на ЕУ и се обрати кон политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

„Од тука ќе ја испратам пораката до оние кои себе си се нарекуваат патриоти. А истовремено мјаукаат. Патриотизам не е да го избришете името Македонија од вашиот статут. Патриотизам не е да не знаете како се вика вашата држава.Тоа е кукавичлук, тоа е предавство.И затоа уште повеќе ќе се борам за Македонија да биде и членка на ЕУ и да бидеме горди на сето тоа што сме го постигнале досега,“

Таа порача дека СДСМ и коалицијата, ќе продолжат да се борат за богата, европска и безбедна Македонија.

„Ќе се борам за Гостивар и за секој град, за секое село, за секој човек, ќе се борам за пристојна, среќна Македонија, и заедно рака под рака рамо до рамо, ќе се избориме Македонија да биде членка на ЕУ. Нема откажување од иднината!,“ порача Петровска од Гостивар.

Треба да знаете
Последни објави