Search

Уапсен осомничен за смртта на Сала

Светската фудбалска јавност вечерва ја потресе веста дека во Англија е уапсен 64-годишен маж кој е осомничен за смртта на фудбалерот Емилијано Сала. Аргентинецот загина кога авионот се урнал во каналот Ла Манш на пат од Нант кон Кардиф. Неговото тело беше најдено по седум неделна потрага, а го идентификувале со помош на отисоци на прстите.

Истрагата британската полиција ја довела до маж од северен Јоркшир и тој е приведен. Во интерес на истрагата полицијата не го откри идентитетот на човекот кој е во притвор и кој го испрашуваат околу случајот.

Тој соработувал со полицијата па бил пуштен да се брани од слобода.

-Спроведовме голема истрага поврзана за околностите на смртта на Сала. Дел од истрагата е барање на сите докази кои би можеле да укажат на незаконски активности. Денеска е приведен маж поради сомнеж за убиство со незаконски чин, рекоа од полицијата.

Интересно, Сала пред да загине му соопштил на својот менаџер да му најде друг клуб и дека не сакал да оди во Кардиф. Тоа Сала го открил во разговор со својата фамилија, но на неговиот менаџер и претседателот на Нант им се допаднале понудените пари и инсистирале фудбалерот да оди таму.

Телото на Давид Иботсон, пилот на авионот, не е пронајдено во остатоците од авионот.

Треба да знаете
Последни објави