Search

Тодоров по враќањето од Романија одработува карантин и самоизолација

Селекторот на македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација одработи 14-дневен каранти по враќањето од романија, а сега е во домашна самоизолација. Тодоров во последен момент ја напушти Романија каде ја предводеше екипата на Крајова и се врати во Македонија, а за оваа битка со коронавирусот во интервју за КФМ меѓу другото вели:

– Немав големи проблеми со транспортот, имаше мал проблем поради тоа што граничниот премин каде влегувам во Србија беше затворен, па мораше да патувам преку Софија, маршрута која е подолга за околу два часа од таа низ Србија. Потоа во точно одредено време мораше да бидам на граничниот премин Деве Баир, од каде во конвој, со полициска придружба бевме однесени во карантин во хотелот „Ибис“ во центарот на Скопје – рече Тодоров.

Според новите законски мерки го приморан првиот месец по пристигнувањето да биде одвоен од светот, не само оној кошаркарскиот. 

– Правилата беа дека никој не смее да ја напушти собата во која е сместен. Храна и сè што е неопходно беше доставувано пред врата, па така тие 14 дена ги поминав во некои 15 метри квадратни. Колку и да делува страшно, првите 7-8 дена поминаа навистина брзо, можеби и ми требаше еден таков период каде нема да правам ништо. Но, последните денови поминуваа навистина бавно. Особено последниот, кога дури некаде после полноќ ми беше дозволено да заминам дома – вели македонскиот кошаркарски селектор за престојот во карантинот.

 

Треба да знаете
Последни објави