Search

Сугарески: Евтини летови ќе има, тендерот не е намерно поништен

Сугарески: Евтини летови ќе има, тендерот не е намерно поништен

Mинистерот за транспорт и врски Горан Сугарески по обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека не е точно оти Владата намерно го поништила јавниот повик за доделување финансиска поддршка за евтини летови. Според него, комисијата што ја водела постапката за јавниот повик постапила согласно сите законски прописи и процедури.

Тој повтори дека евтини летови ќе има и оти деновиве се очекува да биде објавен новиот јавен повик за субвенционирање на нискобуџетски авиокомпании. Јавниот повик беше објавен на 28 јуни, а до крајниот рок понуда достави само нискобуџетската авиокомпанија „Визер“

Треба да знаете
Последни објави