Skip to main content
Свет

Спортски авион се урнал на фудбалско игралиште, има најмалку три починати лица

17/11/2024  17:04

Полициското одделение Мурска Собота во Словенија денеска соопшти дека мал спортски авион се урнал во близина на локалното фудбалско игралиште, а според неофицијални информации загинале три лица.

Според локалната полиција, несреќата се случила околу 12 часот.

Медиумите јавуваат дека се урнал авион „цесна“ на аеро-клубот Марибор.

Медиумите наведуваат дека во авионот требало да има четири лица, но едно од нив не се качило во авионот.