Search

Совети за едноставна и брза детоксикација на организмот

Еден од начините да го прочистите организмот од токсини е постепено да почнете да ја намалувате количната на шеќери што ја консумирате. Тоа исто така важи за медот и за вештачките засладувачи.

Ако консумирате повеќе шеќери вие од организмот барате да излачува повеќе инсулин, што предизвикува напрегање на панкреасот. Долгорочно, оваа навика може да предизвика хроничен умор, дијабетес и рак, како и константна борба со прекумерна тежина.

Сезонската детоксикација е ефикасен начин да го прочистите телото од отрови, но и да го забрзате метаболизмот и да го подобрите целокупносто здравје. Тоа што е важно кај детоксикацијата е пиење вода со лимон секое утро, пред појадок.

Редовното вежбање ја поттикнува циркулацијата и ја намалува напнатоста. Луѓето кои вежбаат имаат помалку отрови во органзимот од оние кои не вежбаат.

Се препорачува и редовно пиење чај. Кофеинот во чајот се разликува од кофеинот во кафето и послабо делува на организмот. Овошјето и зелечнчукот треба да бидат дел од редовната исхрана, заедно со житарки од цело зрно, грав, јаткасти плодови, мешунки и семиња.

Поради загадениот воздух и алергените се препорачува редовно прочистување на носната празнина. И сауната е одлична за ослободување од токсините, бидејќи нема ништо подобро од потењето за детоксикација на телото.

Треба да знаете
Последни објави