Skip to main content
Магазин

Се продава последниот автомобил на Елвис Присли: Севилскиот Кадилак од 1977 година што го возел неколку часа пред смртта

08/11/2024  20:19

Само девет дена по неговата смрт, неговиот татко Вернон ја префрлил сопственоста на овој автомобил на тогашната свршеница на Елвис – Џинџер Алден. Со текот на годините, автомобилот помина низ рацете на многу сопственици, вклучувајќи го и Џими Велвет, кој го водел музејот на Елвис Присли во имотот Грејсленд во Мемфис, Тенеси.

Автомобилот има моќен V8 мотор со зафатнина од 5,7 литри и има поминато само 93.000 километри. Каросеријата е направена по нарачка од компанијата Фишер, пишува магазинот Luxury Auto News.

Возилото е на онлајн аукција од пред два дена, а рокот за доставување понуди е 25 ноември.

Се верува дека Елвис купил најмалку 200 кадилаци во текот на неговата кариера, давајќи им ги речиси сите на пријатели, роднини или понекогаш странци кои биле особено љубезни, дружељубиви или корисни.

Но, еден ден пред да умре, тој не возел само уште еден од многуте кадилак што ги поседувал, автомобилот кој сега е на аукција.