Skip to main content
Хроника

Се бара притвор за 28-годишник од струшко – поведена е истрага за детска порнографија

06/11/2024  18:35

Поведена е истрага против 28-годишен жител на струшко Велешта за детска порнографија. Тој од ноември лани до мај годинава пренесувал, нудел и правел достапна детска порнографија преку компјутерски систем.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга до надлежниот судија на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.