Skip to main content
Свет

САД бараат начини да воспостават контакти со сириските бунтовнички групи

10/12/2024  09:59

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден бара начини да стапи во контакт со сириските бунтовнички групи кои го соборија сирискиот претседател Башар ал-Асад и се обраќаат кон партнерите во регионот, како Турција, за помош во започнувањето неформална дипломатија, изјави портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер.

Милер на прес-конференција рече дека Вашингтон има неколку начини да комуницира со различни групи во Сирија, од кои една Вашингтон ја прогласи за терористичка организација, објави Ројтерс.