Search

По извештајот на Малер, Русија подготвена да ги подобри односите со САД

Кремљ денеска го поздрави резултатот од речиси двегодишната американска истрага, која заклучи дека претседателот Доналд Трамп не соработувал  со Русите за време на кампањата за претседателските избори во САД во 2016 година.

-Наводите изнесени против Русија за мешање во изборниот процес се безвредни, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков. – Тешко е да се најде црна мачка во темна соба, посебно ако ја нема, посочи тој и потенцираше дека Москва е подготвена да ги подобри односите со Вашингтон, но дека САД се први на потег.

За време на двегодишната истрага на Малер за можна руска вмешаност во американските претседателски избори во 2016 година беа издадени повеќе од 2.800 судски налози за сведочење и беа спроведени речиси 500 претреси.

Трамп од почетокот на истрагата отфрлуваше секаква поврзаност на луѓето од неговата претседателска кампања со Русија, оценувајќи дека таа претставува „лов на вештерки”.

Треба да знаете
Последни објави