Search

Николоска: На 15 јули ТИ одлучуваш. Избери иднина, заокружи број 3

Видео обраќање, Фаница Николоска, Носителка во ИЕ 6

Дојдовме на крајот на кампањата за парламентарни избори 2020 година кои се одржуваат во среда на 15 јули. Би сакала во неколку реченици да ве потсетам на сè што беше кажано, а особено на сè што беше сторено во изминатиов период.

11 години власта во Македонија беше киднапирана од  мафијашки режим кој владееше со страв, со принуда и во кој придобивки имаа само еден мал круг на луѓе и нивните послушници.

Осмислено ги запреа сите евроатлантски интеграции, нè скараа со соседите и нè изолираа од светот. Со пропагандната машинерија наметнаа романтични национал-шовинистички идеи во кои најдоа бедно оправдување за најголемиот грабеж во македонската историја. Според податоците на светските финансиски институции за време на тие 11 години од државата се изнесени над 7 милијарди евра. Тоа е повеќе од 4 илјади евра од секој жител, или над 15 илјади евра од секое четиричлено семејство.

Со притисоци и уцени им ги одзедоа на сопствениците најголемите приватни фирми, ја приватизираа и партизираа државата. Да не заборавиме дека без партиска книшка и списоци на сигурни гласачи беше невозможно де се вработите, да  напредувате, академски да се образувате…

 Кога успеавме да ги разобличиме и со судни маки конечно да ги симнеме од власт, затекнавме пустош. Сè што беше правено беше само фасада за големиот грабеж. Стиропор наплаќан како мермер, фушерајски градби и патишта под секој инфраструктурен стандард. И сето тоа наплатено десетици пати над реалната вредност.

Погледнете ги денес нивните проекти и сè ќе ви стане јасно! Со украдените пари тие ја финансираат и оваа кампања во која на секој начин се обидуваат да ве убедат дека сме исти како нив. Сите нивни измислици, лаги и конструкции потекнуваат од нивното лично искуство.

Секако дека ќе нѝ треба уште време за да ја завршиме транзицијата од мафијашки режим во вистинска европска демократија. Режимот е сè уште присутен во сите институции на судството и администрацијата, кочничар е на сите реформи и очајно се бори да се врати на власт.

 За само три години ви покажавме и ви докажавме дека сме чесни, работливи и успешни. Затоа со крената глава и чист образ го бараме вашиот глас. Само вашиот глас е единствениот начин да го испратиме ДПМНЕ со неговите сателити на единственото место на кое припаѓаат – темната страна на македонската историја.

Треба да знаете
Последни објави