Search

Мицкоски: Локални избори со еден изборен круг да се заштедат пари

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на денешниот Live chat на тема Одговор на сите Ваши прашања, околу прашањето кој е неговиот став околу предлогот за еден круг на локалните избори во 2021 година, дали е воопшто изводлив таков модел и дали ја гледа партијата во предност во такви околности кажа дека е ирелевантно дали партијата ќе има определени поволности и дека ВМРО-ДПМНЕ е за локални избори со еден изборен круг со цел да се заштедат пари.

„Ирелевантен е ставот дали партијата ќе има определени поволности, дали пак резултатот на паријата ќе зависи од тоа, дали имаме прв или втор круг, за нас како народна партија како државотворна партија секогаш бил интересот на граѓаните во прв план и во преден план. И во име на тоа јас сакам јасно и гласно да се изјаснам по ова прашање. Да, сме за преференцијални листи на советниците, да сме за еден изборен круг по принципот на Британскиот модел First past the post и тоа да биде прв пат аплицирано на локалните избори, зошто затоа што навистина не ја гледам смислата на вториот круг освен ако се исклучи фактот за притисоците заканите и уцените на власта бидејќи на тој начин доколку имаме втор изборен круг за локалните избори ќе имаме сериозно трошење на државни средства во услови на државна криза во услови на пандемија‘‘ кажа Мицкоски

Мицкоски исто така нагласи дека нема потреба од непотребни трошења во време на пандемија и средствата кои би се потрошиле за втор круг избори  можат наменски да се пренаменат во насока на пристојно образование или онаму каде што се потребни.

„Немаме потреба на тој начин можеме да ги заштедиме тие средства кои што ќе се потрошат за вториот изборен круг тие да бидат истите тие средства да бидат искористени за купување на лап топ компјутери да бидат искористени во насока на тоа да им се помогнат на нашите деца да можат да се стекнат со пристојно образование. Така што апсолутно ВМРО-ДПМНЕ е во насока на поддршка на идејата за еден изборен круг на следните локални избори за избор на градоначалници и апсолутно се сложуваме за преференцијални листи на советници на следните локални избори‘‘ нагласи Мицкоски.

Тој додава наместо да се троши пари за поткуп, власта да ја плати партиципацијата на студентите оти денеска станува предизвикувачка ситуација во целата држава затоа што не можат на пристоен начин да се образуваат и со уставно загарантираното образование да го добијат.

-Ако ги преведеме оние 4,6 милиони евра во лаптоп ќе дојдеме до фантастична фрапантна бројка од 18.000, 20.000 такви едници. Ако ги споменеме пак они 8 милиони евра кои што се потрошени за набавка на автомобили и луксузирање на естаблишментот, на мафијашите во владата ќе дојдеме за бројка повеќе од 35.000 такви единици, и конечно доаѓаме до последното понижување кое што го слушнавме од устата на Зоран Заев а тоа беше дека ќе се погрижи државата да најде такви парчиња кои што ќе им помогне на ученици за второто полугодие. Замислете каква навреда замислете каков срам и учениците но и за родителите кои што мака мачат да ги обезбедат неопходните услови за следење на наставата и образување на своите деца,  вели Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ предложило студентите да се ослободат од партиципација, но дека до ден денешен нема никаков одговор од страна на владата, како и дека наместо владата да ги троши парите за поткуп да ги потроши парите на студентите се со цел да им се растерети нивниот домашен буџет.

-ВМРО-ДПМНЕ предлагаше студентите на универзитетите да бидат ослободени од партиципација, да може да им се овозможи да се заштеди таа партиципација на универзитетите и тоа да биде на  трошок на владата. Но, до ден денешен нема никаков одговор. Еве кажете ми што е лошо во тоа, наместо да се трошат пари за поткуп да тие пари бидат потрошени за плаќање на партиципацијата на студентите. Нивните семеен буџет да биде растеретен а тие да можат на достоинствен начин да ја следат наставата, посочи Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави

Поврзани објави