Search

Марјановиќ: Три вакцини се пред одобрување

„Три вакцини против коронавирусот се во третата фаза на клинички студии, а тоа е последната фаза пред да бидат одобрени. Мислам дека до крајот на годинава ќе имаме одобрени вакцини за употреба“, изјавил Немања Деспот Марјановиќ, српски научник од Институтот Броуд во Бостон, кој е партнер на престижниот американски универзитет Харвард и МИТ, во интервју за српски Курир.

Тој нагласува дека во последните месеци, користејќи примероци од пациенти од целиот свет, учествувал во истражување за тоа како коронавирусот го напаѓа човечкото тело.

На новинарското прашање дека многу луѓе сè уште се убедени дека коронавирусот влијае само на белите дробови, и дали тоа не е точно, тој рекол дека за жал, она што го гледаме е дека – иако коронавирусот е првенствено респираторен вирус, тој влијае на респираторниот систем (носната празнина, грлото, белите дробови) и предизвикува можеби најголема штета – има и други фокуси.

-Тоа е од истражувањето што е направено во лабораторијата каде што го работам мојот докторат, при што можеме да видиме дека овој вирус може да ги нападне и клетките на срцето, бубрезите, желудникот и цревата, па дури и нервните и имуните клетки. Исто така, во клиниката гледаме пациенти кои имаат корона и имаат клиничка слика што се совпаѓа со нашите резултати – тие имаат одредени проблеми со срцето, благи епи-напади, потоа дијареја …“, нагласува овој научник.

На дилемата, пак, кои се оние што први треба да ја примат вакцината, тој вели дека веројатно тоа треба да бидат луѓето кои се на првата линија на одбраната – на пример, медицинскиот персонал – како и луѓето кои се во поранливи групи – постарите лица и оние со хронични заболувања. Тие, според него, ќе имаат предност да бидат првите што ќе ја примат.

– Оптимистички звучи дека луѓето можат да се надеваат на вакцината до крајот на оваа година. Мислам дека до следната пролет, постои добра шанса да се вакцинираат повеќе луѓе. Секако, треба да земеме предвид дека она што го гледаме сега, кога станува збор за наоѓање на вакцина, е светлина во споредба со порано, така што сè е можно“, нагласил Марјановиќ.

Треба да знаете
Последни објави