Search

Манчестер јунјатед и Борусија Дортмунд имаат домашна меч-топка за пласман во осминафиналето

Возбудувањата со натпреаврите од елитното клупско фудбалско натпреаврување Лигата на шампионите денеска продолжуваат со преостанатите осум натпреавро од групите од Е до Х. Во овие дуели најголемото винимание го превлекуваат мечевите кои ќе се одиграат на „Олд Трафорд“, каде  Манчестер јунајтед  во рамките од Х групата го пречекува богатиот француски првак ПСЖ, и на „Вествален“  во Дортмунд каде Борусија игра со италјанскиот Лацио во Ф групата.

Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед во дуелот со европскиот вицепрвак ја има првата меч топка за да си ја осигура првата позиција во групата, а ПСЖ ќе мора да победи за да остане во игра за пласман на една од двете позиции во групата кои носта пласман во нокаут-фазата. Триумф на ПСЖ на „Олд Трафорд“ ќе значи и нов заплет во групата, каде кикс на овие екипи од втор план чека  Лајпциг кој сигурно нема да се откаже до крајот. Германците ја делат втората позиција на табелата со ПСЖ со по шест бода.

Слична ситуација е и  во Ф групата каде Борусија Дортмунд има бод предност на врвот на табелата во однос на Лацио и меч-топка на домашен терен. Германците со победа ќе ја обезбедат првата позиција, додека тимот од Рим ќе треперат за пласманот во осминафиналето се до последното коло. Есапот на Борусија Дортмунд и Лацио може да им го расипе Клуб Бриж. Белгијците со победа над Зенит ќе продолжат со притисокот на водечките тимови во групата.

Двојки

Група Е: Краснодар – Рен (18:55ч), Севилја – Челси (21ч)

Табела: Челси 10 бода, Севилја 10, Краснодар 1, Рен 1

 

Група Ф: Борусија Дортмунд – Лацио (21ч), Клуб Бриж – Зенит (21ч)

Табела: Борусија Дортмунд 9 бода, Лацио 8, Клуб Бриж 4, Зенит 1

 

Група Г: Ференцварош – Јувентус (21ч), Јувентус – Динамо Киев (21ч)

Табела: Барселона 12 бода, Јувентус 9, Динамо Киев, Ференцварош 1

 

Група Х: Башакшехир – Лајпциг (18:55ч), Манчестер јунајтед – ПСЖ

Табела: Манчестер јунајтед 9 бода, ПСЖ 6, Лајпциг 6, Башакшехир 3

Треба да знаете
Последни објави