Search

Колесникова обвинета за поткопување на националната безбедност на Белорусија

Белоруските истражители официјално ја обвинија Марија Колесникова, една од водачите на протестот, за нарушување на националната безбедност, се вели во денешното соопштение на Истражниот комитет.

„Колесникова е обвинета за повик за активности насочени кон поткопување на белоруската национална безбедност преку користење медиуми и Интернет”, наведува Комитетот во соопштението.

Колесникова (38) моментално е во затвор во Минск, откако минатата недела го искина сопствениот пасош за да го спречи обидот на властите да ја протераат во Украина. 

Треба да знаете
Последни објави