Skip to main content
Македонија

Друштво на филмски работници: Буџетот за филм за 2025 година не е доволен елементарно да се покријат потребите

15/11/2024  12:35

Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) преку писмо до министерот за култура, Зоран Љутков, реагира за парите предвидени во буџетот за филм за 2025 година и бара негово ревидирање.

Македонските филмски работници во писмото изразуваат и револт од работењето на новата в.д. Директорка на Агенцијата за филм.

„Во момент кога сме длабоко навлезени во четвртиот месец од мандатот на в.д директорката на Агенцијата за филм, период во кој снимања речиси и да нема, не е потпишан ниту еден договор за финансирање на веќе одобрени проекти, не е прегледан ниту еден извештај за наменско трошење на средства, исплатите кон тековни и веќе реализирани проекти се стопирани и во кој годинешниот конкурс за производство на филмови е поништен, радоста исчезна, а одржувањето на надежта стана невозможно“ велат од ДРФМ.