Skip to main content
Хроника

Драма во Скопје: Денес две исчезнати деца пронајдени и вратени на семејствата

07/11/2024  16:02

Денеска, 7 ноември 2024 година, во 11:50 часот на улицата „Стефан Цветковиќ“ во Скопје, близу Народната банка, граѓанин пронајде машко дете на возраст од четири години кое било со тротинет и не зборувало. Околу 14:30 часот, детето било пријавено за исчезнато во Полициската станица Чаир. По брза реакција на службите, детето набрзо било предадено на родителите во Полициската станица Центар.