Search

Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина 40 милиони

Бројот на заразени со новиот коронавирус во светот надмина 40 милиони, поточно 40.014.845, покажуваат податоците на интернет страницата Ворлдометер.

Бројот на починати од почетокот на пандемијата е 1.115.308, а закрепнале речиси 30 милиони луѓе – 29.927.866.

Во моментов во светот има 8.971.671 активен случај, од кои 8.899.700 се со лесни симптоми, а 71.971 се во критична состојба.

Најголем број на пациенти сè уште има во САД – 8.343.140, во Индија – 7.494.551, во Бразил – 5.224.362 и во Русија 1.399.334.

Од европските земји, најпогодена е Шпанија – 982.723, во Франција има 867.197 и во Велика Британија до сега има 705.428 заразени.

Треба да знаете
Последни објави