Search

Анчелоти: Евертон треба да се бори за настап во евро-куповите

Тренерот на англискиот фудбалски премиерлигаш Евертон, Карло Анчелоти, по поразот од Тотенхем (0:1), истакна дека неговиот тим има шанса да си обезбеди пласман кој носи настап во европските натпреварувања. „Карамелите” се наоѓаат на 11. место, со 11 бода заостанување зад зоната која носи учество во Лига Европа.

– Можеме да играме подобро. Евертон мора да продолжи да се бори. Мора да го промениме нашиот менталитет против врвните тимови – тоа е апсолутно нормално. Ќе се бориме – можеби сè уште имаме шанси, изјави Анчелоти.

До крајот на првенството во премиер лигата остануваат уште пет кола.

Треба да знаете
Последни објави