Skip to main content
Забава

Ако вашата лозинка е на оваа листа, сменете ја веднаш

15/11/2024  11:43

„Норд пас“ ја објави својата годишна листа на најпопуларни лозинки во светот, па и годинава лозинката „123456“ се наоѓа на врвот на неславната листа на најнекреативни лозинки како најкористена лозинка.

Многу корисници избираат лозинки како „iloveyou“ („тесакам“)или „fuckyou“ („е*исе). За некои, лозинките се одраз на нивните интереси, а многумина се одлучуваат за имиња како лозинки. Некои се залажуваат дека „P@ssw0rd“ е оригинална идеја, не знаејќи дека е потребно помалку од секунда за да се пробие.

Секако, постојат варијации кога станува збор за најчесто користените лозинки во различни земји. На пример, првите места во Финска и Унгарија ги заземаат лозинките „salasana“ и „jelszo“, но кога ќе се преведат јасно е дека тие се исти лозинки – и двете значат „лозинка“.

За да ја креира својата листа, „НордПас“ користи база на податоци од 2,5 TB од „јавно достапни извори“, од кои некои се пронајдени на темната мрежа. На многу од овие лозинки им се потребни милисекунди за да ги пробијат хакерите, па ако вашата лозинка е на оваа листа, треба да ја замените со нешто малку покреативно.

На листата на 10 најкористени лозинки на глобално ниво се 123456, 123456789, 12345678, password (лозинка), qwerty123, qwerty1, 111111, 12345, secret (тајна) и 123123.

Ако се споредат списоците на топ 10 лозинки за лични и деловни сметки, забележливо е дека тие се речиси идентични, што покажува дека луѓето имаат тенденција да се потпираат на истите слаби лозинки и дома и на работа.