Skip to main content
Магазин

Зошто буквата „Н“ во името Нутела е црна, а останатите се црвени?

28/02/2025  21:27

Дали некогаш сте се запрашале зошто буквата „Н“ во името Нутела е црна, додека другите букви се црвени?На почетокот на овој месец беше потврдено дека креаторот на Нутела, Франческо Ривела починал на 97-годишна возраст, а прашањата за брендот веднаш почнаа да се појавуваат.

Така се одлучиле за името Нутела, комбинација од англискиот збор „nut“ (лешник) и италијанскиот збор „ella“ (слатко), што одлично ја опишува содржината на теглата.

Меѓутоа, кога се обиделе да го заштитат името Нутела, наишле на проблем – во тоа време веќе постоела регистрирана трговска марка со истото име и целосно напишана со црвени букви. За да избегнат правни пречки и да можат да го регистрираат своето лого, Ривела и Фереро решија едноставно да ја променат бојата на првата буква од црвена во црна – и на тој начин беше создаден препознатливиот визуелен идентитет на Нутела.