Skip to main content
Хроника

Жена од Битола тешко повредена по пад од четирицикл

27/07/2026  14:47

На 26.07.2026 во 14:45 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Битола – Пелистер, 41-годишната И.Ѓ. од Битола, управувајќи четирицикл, изгубила контрола и се превртела.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила  И.Ѓ., констатирани во болницата во Битола. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.