Skip to main content
Македонија

Зголемено количеството на отпадни води, само 24.5 % се пречистуваат

26/06/2025  08:35

Во 2024 година, во јавниот водовод биле зафатени и преземени 306 649 илјади м3 вода за снабдување, што е за 4.6 % повеќе во однос на  2023 година. Од вкупното зафатено количество вода, најмногу вода, 57.0 %, е зафатено од изворски води, а најмалку, 1.0 %, од езера, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.