Skip to main content
Свет

Земјотрес со јачина од 5,6 степени по Рихтер ја погоди југозападна Јапонија

04/05/2025  11:10

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во близина на градот Јокусука, во префектурата Канагава, во југозападна Јапонија.

Според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот се случил во 03:48 часот по локално време на околу 675 километри југоисточно од полуостровот Изу со епицентар на длабочина од 23 километри.

Засега нема извештаи за жртви, ниту за причинета материјална штета.