Skip to main content
Свет

Зеленски подготвен за референдум за мировниот план на Трамп, ако Русија прифати 60-дневно примирје

26/12/2025  19:32

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е спремен да распише референдум за мировниот план предложен од американскиот претседател Доналд Трамп, доколку Русија прифати примирје од најмалку 60 дена. Во телефонско интервју за „Аксиос“, Зеленски истакна дека планот сè уште е предмет на преговори, особено околу чувствителното прашање за можни територијални отстапки.

Според него, прекин на огнот од најмалку 60 дена е неопходен за да се создадат безбедни услови за спроведување на гласањето.