Search

Заев: Го поддржуваме менувањето на третманот на жената во сите полиња на општествениот живот, вклучително и спортот

Формирањето на владината интер-ресорска, консултативна група за еднакви можности на жените и мажите е еден од чекорите за родова рамноправност и имплементација на родовите перспективи во креирањето на политиките и буџетите, истакна премиерот Зоран Заев на денешната средба со дел од членките на новоформираната Работна група за унапредување на родовата еднаквост во спортот.

„Многу ми е драго што се отвора оваа дискусија, бидејќи е важно да се смени третманот на жената во нашето општество. Тргнувам од себе и моето чувство дека сум направил вистински избор кога сум делегирал жена за било каква позиција и никогаш не сум се излажал“ рече Заев на средбата.

Координаторката на групата, Силвија Митевска, поранешна параглајдеристка и претседателка на граѓанското здружение „Такт“ и спортските работнички Андријана Будимир, Гордана Нацева, Моника Гаврилоска, и деканката на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Ленче Алексовска Величковска, на премиерот му ги презентираа целите на работната група, која е составена по препорака на првата национална конференција – жени во спорт одржана во јуни годинава.

Премиерот Заев ја потенцираше важноста на обезбедување на законска легислатива и стратешки документи.

Со директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски беше разговарано за унапредување на едукативните програми во училиштата и беше поздравена иницијативата на Агенцијата за воведување на спортски активности кај учениците од прво до петто одделение.

Членките на Работната група за унапредување на родовата еднаквост во спортот, му изразија посебна благодарност на премиерот Заев што ја прифатил поканата да присуствува на денешниот натпревар на женската кошаркарска репрезентација на Македонија и Италија.
Подарувајќи му баскет со потписи и кошаркарски дрес со неговото име, спортистките истакнаа дека ова е прв пат еден премиер да присуствува на натпревар на македонската женска кошаркарска репрезентација.

zaev_kosarka-610x400.jpg

Треба да знаете
Последни објави