Skip to main content
Спорт

За првпат од 2012 година, Мекларен победи на три трки по ред

23/03/2025  21:51

Победата на Оскар Пјастри на Големата награда на Кина значи дека тимот на Мекларен ја забележа третата последователна победа во Формула 1, која датира од последниот старт на сезоната 2024 година во Абу Даби.

Ова е прв пат од 2012 година британскиот тим да забележи ваква серија. Пред 13 години, возачи на тимот беа светските шампиони Луис Хамилтон и Џенсон Батон, кои забележаа три последователни победи во Унгарија, Белгија и Италија. Во Унгарија и во Монца победите му припаднаа на Хамилтон, додека Батон триумфираше на Спа.

Покрај тоа, Мекларен денеска ја освои и својата 50-та двојна победа во Формула 1, откако другиот возач на тимот, Ландо Норис заврши на второто место во Шангај.

Токму Британецот ги забележа првите две победи од актуелната серија од три последователни успеси, победувајќи во Абу Даби на крајот на минатата година и во Австралија пред една недела.