Skip to main content
Балкан

За десет месеци албанската полиција уништила над 200 илјади стебла марихуана

15/11/2025  20:07

Албанската полиција во периодот јануари-октомври годинава, идентификувала и уништила вкупно 203.960 стебла марихуана, од кои 106.894 стебла биле идентификувани со воздушно следење, а 97.066 со теренски контроли, од страна на структурите на државната полиција.

-Во извештајниот период се идентификувани 580 случаи на одгледување на марихуана, во што беа вклучени 191 лице, од кои 106 се уапсени, 36 се приведени, 17 се бранат од слобода, а по 32 лица се трага. Како резултат на засилените контроли површините со ова наркотично растение, споредено со истиот период минатата година, се намалени, што подразбира и помала бројка на уништени стебла и садници, изјави Прода.

Нагласи и дека во текот на оваа година, кривично се гонети и 163 лица за злоупотреба на службена должност и непријавување кривично дело, главно селски старешини, административци, вработени во електродистрибуција, шумски инспектори.

Порача дека борбата против одгледувањето марихуана останува национален стратешки приоритет и предизвик што бара континуирана меѓународна соработка.