
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека при регистрација на возилата во станиците за технички преглед или во управните служби, откако сопственикот на возилото на шалтерот на МВР ќе го остави бројот од својот мобилен телефон и електронска меил адреса, на својот мобилен телефон и на електронската меил адреса добива порака со код за верификација и потврда дека бројот што го оставил е лично негов.
Оваа измена е во насока да се избегнат било какви грешки при испраќањето на санкциите од „Безбеден град”, кои и понатаму ќе бидат праќани преку СМС порака и на меил адресата на сторителот на прекршокот.


