Skip to main content
Македонија

(Видео) Штекли осуден на осум години затвор

29/04/2026  14:50

Денеска во Кривичниот суд беше изречена пресудата за Раде Трајковски Штекли и неговата група, сите обвинети за трговија со дрога.

Првообвинетиот Штекли е осуден на осум години затворска казна, откако Судскиот совет во Кривичниот суд во Скопје утврдил дека е виновен затоа што организирал група за трговија со наркотични средства – кокаин и марихуана.

Повеќегодишни затворски казни се изречени и за останатите од групата.

„Раде Трајковски судот го осудува на казна затвор од 8 години. Обвинетиот Стефан Китанов судот го осудува на затвор од пет години. Александар Бучевски го осудува на пет години, Стојан Миланов го осудува на казна затвор од 3 години и 10 месеци, обвинетиот Филип Таневски го осудува на пет години затвор“, рече судијата Илија Трпков.

Судијата посочи дека постапката се водела ефикасно и без одолговлекување.

„Оваа постапка започна пред девет месеци и имаше континуиран тек, со цел ефикасно завршување на притворскиот предмет“, рече судијата Илија Трпков.