Search

YouTube е виновен што толку луѓе веруваат дека Земјата е рамна, велат научниците

Група научници дојдоа до заклучок за тоа која е главната причина зошто сѐ повеќе луѓе ширум светот веруваат дека Земјата е рамна.

 

Професорка за научна комуникација од Техничкиот универзитет на Тексас Ешли Лендрам вели дека по направените интервјуа со 30 рамноземјаши на нивните конвенции во 2017 и 2018 година, заклучила дека сите до еден почнале да тврдат дека Земјата е рамна откако гледале видеа за оваа „теорија на заговор“ на платформата YouTube.

„Единствена личност која не го изјави тоа беше еден маж кој на конвенцијата беше дојден со ќерката и зетот. Тие ‘за рамната Земја гледале на YouTube и потоа му објаснувале нему’“, изјави таа на собирот во организација на Американското здружение за унапредување на науката.

„На YouTube има многу корисни информации, но и многу дезинформации. Нивните алгоритми го олеснуваат процесот за многумина да влезат во ‘глувчјата дупка’ бидејќи ги промовираат оние информации што имаат и привлекуваат повеќе претплатници.“

Таа апелира до научниците да се спротистават на рамноземјашките видеоматеријали така што ќе снимаат свои и во нив ќе ги изнесуваат своите научно издржани вистини.

„Кажете им зошто нивните објаснувања не се вистините и воочете им дека постојат многу начини и самите да се убедат во тоа“, рече таа.

Компанијата Google соопшти дека годинава планира постепено да почне да го намалува бројот на препораки на YouTube за оние видеоматеријали што содржат „потенцијално штетни и неточни информации“, како што се оние во кои се тврди дека „промовираат чудотворни лекови за сериозни болести“, тврдења дека Земјата е рамна или пак изнесуваат лажни тврдења за важни историски настани“.

Треба да знаете
Последни објави