Skip to main content
Балкан

Вучиќ: За пет дена ќе има обид за револуција, ќе бараат преодна влада

10/03/2025  20:26

Српскиот претседател Александар Вучиќ во Главниот одбор на Српската напредна партија изјави дека остануваат уште пет дена до „нивниот обид за револуција“ и уривањето на уставниот поредок, што е едно од најтешките злосторства во Србија.

„Главното барање по преземањето на институциите ќе биде формирање некаква преодна влада. Тие не можат да го соборат претседателот, бидејќи знаат дека тоа би ги довело во конфликт со армијата и со се друго“, рече Вучиќ.

Тој оцени дека единствениот план е преземање на српското Собрание и Радио и телевизија на Србија, а тие не можат да го преземат Претседателството, туку ќе го „заокружат“ и ќе го натераат да ја потпише преодната влада, но нема да успеат во тоа.

Вучиќ рече дека „се додека е жив“ нема да прифати никаква преодна влада, дека „ќе мора да го убијат“ и дека тоа е негов завет и дека „нема да ја предаде земјата на измамници“, што беше поздравено со овации и аплаузи, пренесува N1info.rs.

Тој најави дека вечерва ќе зборува на информативната програма на Радио и телевизија на Србија, доколку, како што изјави, не биде спречен во тоа.