
Претседателот на Српската напредна партија (СНС), Милош Вучевиќ, за денес закажа вонредна седница на партиското собрание за 13 декември и го предложи Александар Вучиќ за нов претседател.
„Како претседател на СНС, ви предлагам вам, членовите на главниот одбор, да донесеме одлука за свикување вонредна седница на собранието на СНС за 13 декември, каде што ќе избереме ново раководство на партијата и ќе ја подготвиме партијата за периодот што претстои“, рече Вучевиќ на седницата на главниот одбор на СНС во Белград.
Тој предложи Александар Вучиќ да се врати на функцијата претседател на таа партија, како што беше од 2012 година до 27 мај 2023 година, кога се повлече.
На седницата беа присутни 657 членови на главниот одбор на СНС.


