Skip to main content
Македонија

ВРЕДИ: Од ISO стандарди, ДУИ има само “и што има за нас” – рекет стандард!

07/04/2025  10:12

Соопштение на Коалиција ВРЕДИ:

Но, кој ќе го спроведува тој стандард во ДУИ?

Рамиз Мерко, со над 20 кривични пријави и со владеење што ја претвори Струга во приватна сопственост. Артан Груби и Прпарим Бајрами, кои го инсталираа „коцкарството” во секој агол на државата. Бујар Османи, кој делеше тендери за рента-кар како да се бакшиши за неговите блиски. Или можеби Блерим Беџети, мајсторот на политиката „башибузук”, кој заедно со Данела Арсовска го претворија Скопје во џунгла. Или можеби ќе го повикаат милионерот Дрин Ахмети од „Соравија” како „експерт” да им дава совети. А Исмаил Јахоски од „Пуцко петрол”, познат по криминалните милионски зделки, го чуваат за моментот кога ќе треба некој да го финансира новиот бизнис-проект на ДУИ – „перење образ со народни пари”.