Skip to main content
Хроника

Возило излета од пат – тешко повредени три лица

14/02/2025  11:54

Вчера во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека околу 13.00 часот во с.Моштица, општина Македонска Каменица, движејќи се по некатегоризиран пат, патничко возило „тико“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од Т.С.(53) од с.Саса, излетало од патот.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничките Е.С.(49) и Ј.С.(47) од с.Моштица, констатирани во Клиничка болница Штип.

За настанот бил запознаен јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Штип.