Skip to main content
Хроника

Возач на мотор директно се забил во автобус во Кавадарци – со тешки повреди веднаш пренесен во Скопје

11/03/2025  19:29

Маж попладнево тешко се повредил во сообраќајна несреќа во Кавадарци, кога со својот мотор со голема моќност сиректно се забил во автобус, информира за МИА доктор Антоан Паракеов, раководител на Итната медицинска помош.

– Според првичните информации од местото, на булеварот меѓу основното општинско училиште „Гоце Делчев“ и новата црква „Света Петка“, дошло до судир помеѓу автобус и мотоцикл со поголема моќност. Повреден беше мотоциклистот. Со тешки телесни повреди, откако му укажавме првична медицинска помош, најпрво беше пренесен до Општа болница – Кавадарци, па препратен на скопските клиники, вели д-р Паракеов.

Тој информира и дека повредениот мотоциклист e на возраст од 37 години.