
Тешко злосторство се случило рано утрово во Нови Сад, каде што маж е осомничен дека со нож ја убил својата мајка во семејниот стан.
Според првичните информации објавени од српските медиуми, полицијата околу три часот добила пријава дека од стан на улицата „Алекса Шантиќ“, во новосадската населба Грбавица, се слуша силна врева.
По пристигнувањето на местото, полициските службеници во станот го пронашле телото на жената. Нејзиниот син се сомничи дека ѝ нанел смртоносни повреди со нож.
Поширокото подрачје било обезбедено од повеќе полициски екипи, а увидот и истрагата за утврдување на сите околности под кои се случило убиството се во тек.
Засега нема официјално соопштение со податоци за возраста и идентитетот на жртвата и осомничениот. Не е потврден ниту мотивот за злосторството.

Првите информации за случајот ги објави српскиот профил „192“, а за настанот известуваат и повеќе медиуми во Србија.

