Skip to main content
Свет

Во Виена „растурена“ нарко банда од Балканот

02/03/2025  11:30

Виенската оперативна група за сузбивање на уличен криминал растури нарко банда од Балканот.

Како што велат, уапсиле пет лица кои се поврзани со шверц и препродажба на големи количества наркотици.

По неколкумесечна истрага, утрово е уапсен 57-годишен маж во Виена-Отакринг, во чиј стан пронашле неколку килограми разновидни наркотици. Тој е осомничен дека подолго време продавал дрога по улиците во Виена.

По апсењето, биле контактирани и неговите најблиски соработници.

Така полицијата уапсила уште четворица државјани на Србија на возраст од 25 до 29 години, кои набавувале и „дистрибуирале“ дрога не само во Виена, туку и во други делови на Австрија.

При претресот во просториите каде што престојувале уапсените, пронајдени се 2,3 килограми хероин, 30 видови супститути на дрога, околу пет килограми марихуана и 12 килограми смеса помешана со наркотици. Покрај дрогата пронајдени се и околу 4.500 евра во кеш. Сите се приведени, а истрагата продолжува бидејќи полицијата смета дека ова е само дел од банда која се занимава со многу поголеми количества наркотици.

Извор: 4news