
Минималната плата ја примаат повеќе од 20 илјади вработени, од кои најголемиот дел работат во мали и микро фирми. Работодавачите сметаат дека минималната плата може да оди и над 500 евра, доколку за тоа се обезбеди реална основа, односно доколку се зголеми продуктивноста.
Висината на минималната плата не може да биде пониска од 57 отсто од висината на просечно исплатената нето-плата во државата, велат синдикалистите.
Опозициската СДСМ критикува дека Владата не се грижела за работниците и нивниот стандард. Најавуваат законска иницијатива за минималец од 500 евра. „Ние во наредниот период ќе продолжиме со политики што се поддршка за животниот стандард на граѓаните, и ќе поднесеме законско решение за покачување на минималната плата на 500 евра“, велат од СДСМ.
Денеска о д Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија побараа од Владата и од Министерството за енергетика да преземеат мерки за да се реши проблемот со високите сметки за струја за кои се жалат граѓаните и побараа да се стави ред во читањето на броилата.
Се очекува овие дилеми да бидат решени на наредната седница на Економско-социјалниот совет.