Skip to main content
Хроника

Во кругот на студентски дом „Стив Наумов” во Скопје пронајдени човечки коски

03/12/2025  14:29

На 02.12.2025 во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријави дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер во близина стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов”, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.