Skip to main content
Свет

Во Бахреин уапсени над 40 лица поврзани со Иранската револуцеионерна гарда

09/05/2026  17:20

Министерството за внатрешни работи на Бахреин објави дека е откриена организација поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) на Иран, при што се уапсени 41 лице, членови на таканаречената главна организација.

Министерството изјави дека безбедносните служби ја откриле организацијата по претходни истраги и извештаи на обвинителите во случаи на шпионажа за странски земји и изразување поддршка за иранската агресија, објави Ал Џезира .

Во соопштението се додава дека законските постапки против уапсените во моментов продолжуваат, додека интензивно се спроведуваат понатамошни истраги и операции „со цел да се преземат потребните мерки против сите оние кои учествувале во активностите на оваа организација и го прекршиле законот“.

Бахреинскиот крал Хамад бин Иса Ал Калифа кон крајот на април ја осуди она што го нарече „криминална иранска агресија“ што ја загрозува безбедноста и стабилноста на Бахреин, нагласувајќи дека поединци ја предале татковината соработувајќи со непријателот.