
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Саша Димитријевиќ од СДСМ
СДС ја саботира институционалната постапка за Алта банка, граѓаните не сакаат лекции за финансиска одговорност од нив
СДС да престанат со манипулациите и ширење несигурност кај граѓаните за Алта банка. Не се точни тврдењата дека гувернерот посочил дека одлуката во врска со Алта банка ја донел премиерот. Наместо да ги спинуваат изјавите, треба да покажат одговорност и да престанат со свесен обид за создавање паника. А за финансиски текови и одговорност, нека се потсетат и на 110 милиони евра насочени до струмичките фирми врзани со Заеви.
Надлежните информираа дека се работи на изнаоѓање решение за да не бидат граѓаните оштетени, a Венко со својот тим на хипокрити на ова реагираат со обиди за делегитмирање на институцијата и исполнуваат туѓи агенди, и додека беа на власт и сега како опозицијa.
Со ова, се обидуваат да префрлат одговорност за исходот од случајот со Алта банка, иако одлуките и надлежностите се разгледуваат според законска институционална поставеност.
Оттука, го повикуваме ЈО да ги испита наводите и евентуалното постоење елементи на кривично дело саботажа од член 315 од Кривичниот законик.

