Skip to main content
Македонија

ВЛЕН: Се враќа целосната функционалност на Комисијата за односи меѓу заедниците, нов чекор за зајакнување на Охридскиот рамковен договор

15/05/2026  21:04

Соопштение на ВЛЕН:

Од денес, тоа се менува. На чело на Комисијата е избран пратеникот на ВЛЕН, Аднан Азизи. Тој ќе предводи нова фаза. Фаза на целосна функционалност и јасна институционална одговорност.

Комисијата повеќе нема да биде формалност. Таа ќе биде активен орган. Функционален механизам со реално одлучување и директна одговорност за правична и соодветна застапеност, употребата на јазиците, образованието и културата, со цел целосна имплементација на Охридскиот рамковен договор и Бадинтеровиот принцип.

ВЛЕН става крај на практиките на институционално занемарување. Законот за правична и соодветна застапеност ќе се спроведува со целосна сериозност. Институционалната еднаквост повеќе нема да остане само на хартија.