
Соопштение на ВЛЕН:
ВЛЕН изразува разбирање за паниката во ДУИ, која произлегува од новата политичка реалност. На 9 мај се потврди спротивното од она што се пропагираше две години: ВЛЕН не само што не се распадна, туку се обедини во единствен политички субјект. Пет партии во заедничка структура претставуваат историско достигнување и нова, поконсолидирана политичка сила.
Во овој контекст, и обидите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за обединување на партиите од таканаречената коалиција НАИ во единствен политички субјект, пропаднаа уште на самиот почеток, соочени со јасно одбивање од неговите политички партнери. Тоа е уште еден показател за внатрешната криза во овој блок.
Од една страна е ВЛЕН, со јасна визија за реформи и развој; од друга страна е ДУИ, нереформирана и оптоварена со скандали. Оваа спротивставеност меѓу новото и старото ќе го одреди правецот на политичкото претставување на Албанците.
Централната точка на ВЛЕН е Албанецот во Северна Македонија: достоинствен, еднаков и институционално силен. Нашата заложба е за реална застапеност во сите институции и еднаквост што ќе се чувствува во пракса, а не само на хартија.
ВЛЕН ќе обезбеди правата на Албанците да не бидат симболични или предмет на дневно-политички пазарења. Државата ќе преземе мерки за целосна примена на јазикот, правичната застапеност и еднаков пристап во секоја институција, со што ќе се гарантира праведен и функционален систем за сите.


