Skip to main content
Хроника

Кривична пријава за дрвокрадец од Прилеп

29/04/2026  14:52

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против А.Ќ.(37) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба” на дрва.

На 12.12.2025, полициски службеници, на имот на пријавениот забележале нежигосани дабови дрва, како и патничко возило „лада” без регистарски таблички.

Известена била шумската полиција која констатирала дека пријавениот немал соодветна документација за дрвата, а возилото му служело за извршување на кривичното дело.