Skip to main content
Балкан

(Видео) Најмалку една жртва и десетици повредени по земјотресот во Турција

27/10/2025  22:12

Силен земјотрес од 6,1 степен вечерва ја погоди Турција.

Според официјалните податоци, едно лице загинало, додека најмалку 29 лица се повредени, претежно полесно. Локалните власти наведуваат дека повеќе од 15 згради се уништени или тешко оштетени во земјотресот, главно во Синдирги и околните области

По ова следеа неколку последователни потреси со јачина од 3,8 и 3,4 степени според Рихтеровата скала.