Skip to main content
Македонија

Велковски: Пензиите ќе бидат исплатени на 1 декември, лажни се тврдењата за колапс на Фондот

27/11/2025  14:27

Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска во Собранието ги демантираше тврдењата на пратеничката Јованка Тренчевска (СДСМ) дека Фондот за ПИОМ е пред колапс и дека нема пари за декемвриската пензија.

Велковски ја критикуваше СДСМ, нагласувајќи дека:

Пензиите што изнесувале 14.000 денари сега се 20.000 денари, а оние од 20.000 сега се 26.000 денари, обезбедувајќи „достоинствен живот“.
Пензиите се усогласуваат по компонентите инфлација и трошоци на живот во Македонија.
Заменик-министерот, исто така, нагласи дека приоритет се граѓаните што се во земјава и придонесуваат за општеството