Skip to main content
Живот

Вечерва на Бадник пресечете кромид за да видите каква ќе биде цела година

06/01/2025  11:14

Нашите предци на Бадник и Божиќ користеле кромид за да дознаат какво време ќе има во текот на целата година.

На Бадник вечерта, главица кромид се сече на 12 дела. Во секој дел ставете сол и ставете го на прозорец да преноќи.

Најастариот член од семејството оди на Божиќ да го види кромидот. Во оној дел кај што има вода во тој месец ќе има дожд. Ако некоја лушпа е сува, тој месец ќе биде сушен.