Skip to main content
Спорт

Уште едно засилување: Словенечки ракометар пред потпис со РК Вардар

27/04/2025  09:25

Ракометниот клуб Вардар е на пат да договори уште едно засилување, овојпат за бековската линија. Станува збор за словенечкиот ракометар од редовите на Слован Љубљана, Јака Малус.

Во својата кариера освен за Слован средниот бек Малус играше и во Лигата на шампионите за матичниот Целје и белоруски Мешков Брест, додека настапуваше уште за шпански Синфин и бундеслигашот Гепингем.

Малус би бил петто засилување на „црвено-црните“ за следната сезона, откако тимот досега ги примовира Виктор Јанковски, Милош Валах, Марек Марчињак и Мамаду Кеита.