Skip to main content
Свет

Украина го одложи договорот за минерали со САД

24/04/2025  22:04

Украинскиот министер за финансии Сергиј Марченко денеска изјави дека договорот за соработка во развојот на минерални ресурси меѓу Украина и САД нема да биде финализиран оваа недела, иако двете страни постигнале одреден напредок во преговорите.

Украина располага со значителни резерви на таканаречени „критични минерали“, клучни за производство на технологија, воени системи и обновлива енергија, вклучувајќи бакар, никел, литиум и титаниум. Пред целосната руска инвазија во 2022 година, минералите сочинуваа 6,1 отсто од БДП на Украина и 30 отсто од извозот.